Државната земја бара газда

Bez autora
Sep 07 2011

Никој во државава не знае колку од земјоделското земјиште е во државна сопственост, а колку во приватна. Тоа е така затоа што не постојат официјални податоци за ваквата поделба. Сепак, се претпоставува дека најголемиот процент од земјоделското земјиште го поседуваат индивидуалните земјоделци. Државата има многу помал удел во сопственоста на земјоделските парцели, иако станува збор за бројка што не е за занемарување. Експертите велат дека Македонија нема високо квалитетна земјоделска почва што може да се употребува за одгледување градинарски или, пак, овошни култури. Половината од земјиштето или околу милион хектари се пасишта, а обработливи се околу 521.000 хектари. Меѓу нив на најценетите, ораниците и бавчите, им отпаѓаат 420.000 хектари.

Државната земја бара газдаНикој во државава не знае колку од земјоделското земјиште е во државна сопственост, а колку во приватна.

Тоа е така затоа што не постојат официјални податоци за ваквата поделба. Сепак, се претпоставува дека најголемиот процент од земјоделското земјиште го поседуваат индивидуалните земјоделци. Државата има многу помал удел во сопственоста на земјоделските парцели, иако станува збор за бројка што не е за занемарување.

Експертите велат дека Македонија нема високо квалитетна земјоделска почва што може да се употребува за одгледување градинарски или, пак, овошни култури. Половината од земјиштето или околу милион хектари се пасишта, а обработливи се околу 521.000 хектари. Меѓу нив на најценетите, ораниците и бавчите, им отпаѓаат 420.000 хектари.

Вситнето земјоделство

Според податоците на Државниот завод за статистика, 53.000 хектари се во сопственост на земјоделски претпријатија, а 468.000 хектари на индивидуални земјоделски стопанства. Пелагонија е најголемата македонска житница. Располага со 30.000 хектари приватно земјоделско земјиште, кое е во сопственост на над 30.000 земјоделски семејства. Тоа значи дека на едно семејство во просек му припаѓа по еден хектар обработлива површина. Овој пример доволно зборува за раситнетоста на македонските ораници и бавчи, кои стануваат с` помали и. Така е поради постојаните поделби при наследување на имотот. Сите овие делови остануваат неискористени и не можат ниту да се сеат ниту да се жнеат.

Во Министерството за земјоделство велат дека со измените на Законот за земјоделското земјиште ќе се спречи вситнувањето на земјиштето.

- Целта е земјиштето да се окрупнува, а не обратно, затоа нема да се дозволи нива помала од 2 хектара да се дели. Тоа ќе придонесе за оптимално искористување на земјоделското земјиште. Ваква состојба има во сите европски земји - велат во ресорното министерство. Оттаму објаснуваат дека постојано ќе објавуваат огласи на кои сите заинтересирани страни ќе може да земат земја под закуп.

- Досега има склучено 4.524 договори за закуп на земјоделско земјиште за површина од 140.000 хектари. До 2006 година слободно може да се каже дека процесот на издавање под закуп на државно земјоделско земјиште беше скоро заборавен и имаше склучено само 313 договори со земјоделци за околу 18.500 хектари. Околу 98 договори беа склучени со комбинатите и тоа за површина од 80.000 хектари - вели Димовски.

Тој објаснува дека со интензивното работење од 2006 до минатата година објавени се 40 јавни огласи за распределба на 37.790 хектари и склучени се 3.614 договори со земјоделски производители.

Закупнината редовно се плаќа

- Исто така, важен е и податокот дека земјоделците сега ја плаќаат закупнината, а износот од закупнината кој е приход на буџетот, во последните три години изнесува 566 милиони денари. Првпат може да се конкурира и за земјиште на кое се предвидува да се подигнат оранжерии, што досега не беше дозволено. Со донесувањето на измените на Законот за земјоделското земјиште оваа пречка веќе е надмината - велат во ресорното министерство.

Оттаму објаснуваат дека новина е и тоа што физичките лица може, но не мора да се регистрирани вршители на земјоделска дејност. За државна земја може да конкурираат и земјоделци кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерството за земјоделство.

Според критериумите, предност или поголем број бодови ќе имаат понудувачите кои живеат во местото каде што е огласено земјоделското земјиште.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik